петок, 18 октомври 2024

30 години од смртта на легендарниот Дражен Петровиќ

Објавено на

часот

Сподели

На денешен ден пред точно три децении Дражен Петровиќ замина во вечноста. Ова е јубилејна година од неговата смрт, но тој е толку голем што отогаш не поминала ниту една година, а овој ден да не биде одбележан од љубителите на кошарката ширум светот, особено во државите од поранешна Југославија.

За животот и кариерата на Дражен Петровиќ се снимени многу документарни филмови, напишани се огромен број на текстови. Капа му симнале сите кои нешто значат во кошарката, неговата брилијантност со која го воодушевуваше светот, не можеше да биде игнорирана. На неа се потсетуваме секоја година на овој ден.

Кариерата ја почна во Шибеник, а на неполни 20 години се пресели во Цибона каде за брзо време стана лидер. Со хрватскиот тим ја покори Европа, со репрезентацијата на Југославија освои се што можеше да се освои, брзо потоа отиде во Реал Мадрид и стана убедливо најдобриот кошаркар во Европа.

Следната дестинација за него очекувано беше НБА. Почна во Портланд каде не доби голема шанса, но својот кошаркарски раскош го покаа во Њу Џерси нетс. 

Леброн Џејмс еднаш изјави дека го смета Петровиќ за најдобриот странец кој заиграл во НБА лигата.

„Беше голем стрелец, можеше да трча и не се плашеше да шутира. Не се плашеше од ништо. Немаше страв од моментот, од ништо немаше страв“, изјави Леброн.

Приказната на кошаркарскиот Моцарт заврши тажно, несреќно,  неферски, на само 28 години. На 7. јуни 1993 година загина во сообраќајна несреќа на автопат во Германија. Овој ден секогаш ќе биде денот кога кошарката ќе го слави Дражен Петровиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ