сабота, 19 октомври 2024
Голем јубилеј

30 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација! (ВИДЕО)

На 13. октомври 1993 година, Македонија го одигра првиот официјален фудбалски натпревар, тогаш во Крањ на победивме селекцијата на Словенија со 4-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

Денеска е голем јубилеј од првиот официјален меч на македонската фудбалска репрезентација, поминаа 30 години од тој историски натпревар кога Македонците под водство на Андон Дончевски забележаа убедлива победа над Словенија.

Зоран Бошковски – Чоко е стрелецот на првиот гол за Македонија, во листата на стрелци на тој меч се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски.

Покрај нив, на тој историски натпревар настапија уште: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Неџмедин Мемеди, Зоран Јовановски, Илија Најдоски, Ванчо Мицевски, Љупчо Марковски, Бобан Бабунски, Горан Георгиевски, Саше Милошевски и Тони Мицевски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ