сабота, 27 јули 2024

30 години Дерма бела

Три децении неуморна работа, посветеност и желба за напредок. Успехот на Дерма бела се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на доктори, фармацевти, претставници од бизнис заедницата, новинари и личности од јавниот живот Дерма бела го одбележа својот 30 годишен јубилеј во скопскиот хотел Лимак.

Три децении неуморна работа, посветеност и желба за напредок. Од пионер во естетската медицина, денеска Дерма бела е единствениот центар во Македонија во кој се спојуваат медицината и козметиката. Успехот на Дерма бела се должи на големата посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.

х

Во приватниот бизнис  се успева само со визија и упорност. Важна е идејата, но многу поважна амбицијата и реализацијата. Голема подршка имав од семејството и од нашите ценети клиенти, кои секогаш се подготовени за новини и иновации во козметологијата и естетската медицина. На сите млади луѓе, но и на дамите ќе им порачам да се негуваат, да користат квалитетна козметика и да внимаваат на себе”, порача основачот на Дерма бела, д-р Весна Ѓоргиеска.

Денеска и во двата центри на Дерма Бела работи високо стручен и професионален персонал, кој постојано ги надградува сопствените знаења посетувајќи ги светските семинари и обуки за новости и трендови во козметологијата и медицинската естетика.

                                                                                                                                      Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ