среда, 23 октомври 2024

30 дена притвор за велештанецот што се обиде да го убие началникот на струшката полиција

Објавено на

часот

Сподели

„На 28 јули 2023 околу 17:35 часот на улицата Ристо Крле во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош. По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје“, информираше МВР.

Претходно, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44 годишен жител  на струшкото село Велешта, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство во обид кога вчера со нож го прободи и тешко го рани началникот на струшката полиција, Дритан Ајро, брат на вишиот обвинител, Артан Ајро.

Како што објави вчера МКД.мк, началникот на струшката полиција Дритан Ајро кој вчера беше прободен со нож е брат на поранешниот обвинител на специјалното јавно обинителство (СЈО), Артан Ајро кој по распадот на СЈО беше избран како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а неодамна беше унапреден во обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Ајро вчера беше опериран и според информациите на дежурнииот хирург се наоѓа надвор од животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ