сабота, 27 јули 2024

30 дена притвор за скопјанец кој изнудувал пари со закани по живот

Скопјанецот М.Г. вчера во СВР Скопје пријавил дека од ноември 2023 до вчера, И.ј. во повеќе наврати му изнудувал пари упатувајќи му закани по живот. На тој начин М.Г., според пријавеното, на И.Ј. му исплатил вкупно 180.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за насолен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје по брза постапка за сторено кривично дело ,изнуда, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Како што информираат од МВР, Скопјанецот М.Г. вчера во СВР Скопје пријавил дека од ноември 2023 до вчера, И.ј. во повеќе наврати му изнудувал пари упатувајќи му закани по живот. На тој начин М.Г., според пријавеното, на И.Ј. му исплатил вкупно 180.000 евра.

„Истиот ден околу 17 часот, по претходен договор помеѓу нив, на улицата Симеон Кавракиров во Скопје М. Г. му предаде 500 евра на И.Ј., кои претходно беа криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа, во заедничка акција на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при Одделот за сузбивање на сериозен криминал и Единицата за насилен криминал при СВР Скопје И. Ј. беше лишен од слобода и задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошно постапување“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ