„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165 став1, точки 1 и 2“, ја потврдија информацијата од Кривичниот суд за МКД.мк.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека на 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство во случајот со Државната лотарија.