Осомничениот, како што информираат од обвинителството, на 30 декември во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 грама наркотична дрога марихуана.
„Кога полициски службеници во Тетово го запреле за проверка, тој дел од дрогата фрлил преку прозорецот на автомобилот, а едно пакување му било пронајдено во неговата патика“, се вели во соопштението од ЈОРМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и му определил притвор во траење од 30 дена.