среда, 23 октомври 2024

3.000 садници бор засадени во денешната акција во Крива Паланка

Околу 150 учесници, млади, извидници и акцијаши засадија 3.000 садници бор на денешната акција од проектот „Боренка“, младинска акција за волонтеризам и активизам на Извидничкиот одред Наум Наумовски Борче од Крива Паланка.

Објавено на

часот

Сподели

„Се засадуваше на претходно опожарени и големи површини во атарот на селото Т’лминци, Општина Крива Паланка. На наше големо задоволство, најмасовно се одзваа средношколците од СОУ Ѓорче Петров, од каде имаше близу 100 ученици. Исто така, учествуваа извидници и од нашиот одред, како имплементатор на проектот, од Сојуз на извидници на Македонија, вработени од Јавното претпријатие ‘Македонски шуми’, ПШСВ ‘Осогово’, Крива Паланка, од еколошко-акцијашко здружение ‘Осоговски акцијаши’, така што, успешно беше спроведена и оваа денешна, воедно и завршна активност од проектот, информира Соња Ангеловска од ИО „Н.Н. Борче”, Крива Паланка.

Проектот Боренка е финансиски поддржан од УНДП и Општина Крива Паланка. Со денешната акција, како и со работилниците и повеќедневниот камп реализирани во рамки на проектот, опфатени се околу 900 лица. 

„Согласно пројавениот интерес на младите и учесниците во проектот со кој се промовираат: заштита на природата, ориентација во просторот, здрави навики и подигнување на свеста за зачувување на природата, веќе се наѕираат контурите на следниот проект и активности кои планираме да ги реализираме доколку добиеме поддршка за истите, со цел правилно насочување на нашите млади личности кои се иднината на заедницата“, додава Ангеловска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ