петок, 26 јули 2024

275 казни за брзо возење во државава за еден ден

Во спроведената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 275 возачи, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ