среда, 18 декември 2024

27-годишник и малолетник се обиделе да ограбат банка

Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А. (27) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе да извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ