сабота, 27 јули 2024

25 март 1905 грчките андарти во Егејска Македонија го запалија Загоричани, 26 март 1941 Македонија го разбуди Балканот

Шеесет селани, жени, деца и старци на 25 март 1905 година загинаа во масакрот извршен во селото Загоричани  во Егејска Македонија од страна на грчките андрати. Пред точно 83 години, на 26 март 1941 година, во раните утрински часови во центарот на Скопје работници, студенти, ученици го дигнаа својот глас против југословенската влада, против нејзината политика и против фашизмот.

Објавено на

часот

Сподели

На 25 март 1905 година околу 300 грчки андарти го запалиле селото Загоричани, а населението го масакрирале. Убиле 60 селани, имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот митрополит  Германос Каравангелис.

„О, Боже! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат сè што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село!

Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на вандализмот. Секој што падна во нивните безмилосни раце беше убиен“, запишано е за овој масакр.

Италијански офицер говори дека таква суровост никогаш не видел: „Италијанскиот полковник Албер, кој учествувал во многу борби со африкански племиња, за убиствата во Загоричани вели: Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“ .

За овој историски настан во село Загоричани во Егејска Македонија е испеана и песната „Народе македонски“.

Комунистичката партија на Македонија денекса не постетува на 26 март 1941 година. Ударната вест за потпишување на предавнички чин за приклучување на Југославија кон Тројниот пакт од страна на претседателот на југословенската влада, Драгиша Цветкович и министерот на истата влада за надворечни работи, Цинцар Маркович, на 25 март 1941 година, ја разбрани народната македонска маса со оглед дека претходно веќе на 1 март 1941 година потпишува договор во Тројниот пакт (фашистички ), бугарската влада. Ваквиот предавнички чин, со приклонување кон фашизмот и перфидните методи на југословенската војска и полиција за апсење низ целата југословенска територија на таканаречените непожелни антидржавни елементи, членовите на КПЈ и нивните симпатизери, ја прелија чашата на незадоволството сметајќи и оценувајќи го сето ова како чин директно насочен против слободата и независноста на народите од Југославија. Со оглед на овие горе напоменати услови во кој се наоѓаше југословенскиот народ, илегалниот весник „Искра” објавува повик за отпор кон тогашната југословенска власт и ја именува како петта колона.

Сите овие вести и тоа како ги разбранува македонските работници, студенти, селани и ученици, кои со спонтани реакции во раните утрински часови на 26 март 1941 година, во центарот на Скопје го дигнаа својот глас против југословенската влада, против нејзината политика и против фашизмот. Веќе напладне овие исти демонстрации се претвараат во грандиозни антифашистички демонстрации, со незапамтено учество на повеќе од 11 до 12 илјади демонстранти. Тука се појавуваат и првите спонтани слогани „Долу Тројниот пакт“, „Долу фашизмот“, „Подобро рат отколку пакт”…, и за прв пат на тлото на Балканот се слушна познатата парола „Подобро гроб отколку роб”, за да преку овој слоган македонскиот народ ја означи симболиката дека е дојдено времето за прекинување на многувековното робување, со оглед дека и во таа тогашна Југославија, македонскиот човек се чувствуваше како роб. Мора да се напомене дека на овој величенствен митинг, одржан на 26 март 1941 година, говорот на еден од учесниците, качен на раменици од своите другари, прилепскиот студент Благоја Корубин, својот говор и повик за борба против фашизмот го зборува на својот мајчин македонски јазик.

Сето ова дава еден фантастичен зачудувачки елан кон овие повеќе од 10.000 грла, знаејќи ја и согледувајќи ја целокупната положба во Европа и нашиот балкански простор, со веќе покорени Полска, Данска, Франција, Холандија, Чехословачка, Албанија, Бугарија и други земји под чизмата на фашизмот.

Па се прашуваме, што е тоа тука зачудувачки, секако одговорот лежи во спротивставувањето во тој момент и во такви околности кон историското незаборавно зло на човештвото – фашизмот.

Мотивирани од храбриот и решителен чин на демонстрациите од страна на македонскиот народ против фашизмот, веќе на 27 март 1941 година, спонтано се одржуваат исти или поголеми демонстрации на територија на цела Југославија, Љубљана, Марибор, Загреб, Белград и други места.

Зачудувачки, во светски размери, е спртивставувањето над фашизмот, од страна на македонските и југословенските граѓани, од аспект дека Хитлер не знаел дотогаш што е отпор, ниту вооружен, ниту вербален, насочен кон него. Хитлеровата суета е тешко повредена, и под итно наредува стопирање на познатиот план со кодно име „Барбароса“, кој треба да отпочне на 15 мај 1941 година, со напад на Русија. Со цел да ја казни Југославија и нејзините народи за ваквото по него однесување, повлекува поголем број на подготвени дивизии за напад на Русија и ги насочува кон територијата на Југославија. Ваквиот настан историски, директно учествува во крајниот епилог на Втората светска војна.  Победниците во таа војна се сите учесници во антифашистичкиот сојуз, меѓу кои најзначајни се Русија, но тука спаѓаат Англија и Америка. Тука мораме да бидеме објективни и да кажеме дека најголем победник во овој антифашистички отпор е токму македонскиот народ, кој за прв пат се определува на правата страна, победничка, а тоа е антифашистичката страна. Македноскиот народ, за прв пат во својата историја добива своја независна држава, конситуирана на 2 август 1944 година и истата опстојува до денешен ден.

Поради сето ова мораме кон блиското минато, за кое апсолутно има веродостојни и пишани траги, да се однесуваме со почит, бидејќи да не беше така ќе немаше „расправа на македонски јазик, ќе немаше македонска култура, Македонска академија на науките и уметностите, македонски спортски репрезентации, а некои сега брзо родени ќе немаа прилики да чујат за Гоце, Даме, Јане, за Илинден , за Кузман Јосифовски – Питу, соопшти КПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ