сабота, 27 јули 2024

23 годишна штипјанка ќе одговара, признала дека од пензионерка украла чанта со пари

Вчера поплане на улица Христијан Карпош во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека завчера извршила кривично дело разбојништво над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Објавено на

часот

Сподели

„Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ