понеделник, 6 јануари 2025

23-годишна девојка го управувала возилото кое завршило во Вардар кај Рашче

23-годишната Н.А. била зад воланот на возилото „Ауди“ кое пред два дена излета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар, информираат од МВР. Во оваа трагична сообраќајна несреќа загинаа четири лица од семејството Арслани од селото Грчец. Преживеа само 5-годишно дете кое излетало од возилото при превртувањето и било најдено од случајни минувачи.

Објавено на

часот

Сподели

Во возилото кое беше извадено од водите на Вардар биле пронајдени телата на три женски лица, а вчера во близина на несреќата беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото машко лице А.А.

Во оваа сообраќајка загинаа трите женски лица Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59) сите од село Грчец, Скопско.

„Се работи на утврдување на причините за трагичната несреќа, а обвинителството продолжува со истрагата. Трагичните настани ги потресоа сите нас и напоменуваме дека истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат сите околности“, изјавија од ОЈО.

Детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рашче е веќе на домашно лекување.

Полицијата продолжува со истражување на настанот и преземање на сите неопходни мерки за расветлување на сообраќајната несреќа која заврши со човечки жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ