понеделник, 13 мај 2024
Да не ги заборавиме македонските херои

23 години од масакрот кај Вејце, делегација на Достоинство се поклони во спомен на убиените

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце, најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.

Објавено на

часот

Сподели

На денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици  Волци и на Посебната единица на СВР Битола.
Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Да не се повтори, да не се заборави!
Игор Костески (26) од Скопје,
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24),
Бошко Најдовски (24) и
Марјан Божиновски (27), сите од Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ