сабота, 27 јули 2024

2000 пациенти во ризик од бубрежно заболување ќе се прегледуваат без пари

Две илјади пациенти од целата држава кои се во ризик да развијат  хронично бубрежно заболување ќе бидат контактирани да се јават на бесплатен скрининг кој ќе почне овој месец и ќе трае четири месеци, најави денеска министерот за здравство Илир Демири.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на Светскиот ден бубрегот – 14 Март, Демири го најави проектот чија цел е подигнување на свесноста за бубрежното заболување и неговата рана превенција.

Граѓаните кои се во ризик да развијат хронично бубрежно заболување ќе бидат контактирани од здравствените установи и повикани на бесплатен преглед.

Прегледот ќе ги опфати градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово, Крива Паланка и центрите за дијализа во Железара и Визбегово во Скопје.

„Како резултат на дел од заклучоците од Првата ренална академија што се одржа во ноември минатата година на иницијатива на нашето Министерство и Шведската амбасада, заедничките компетенции и ресурси од областа на бубрежното здравје ќе бидат на располагање за што поширок опфат, превенција и подостапна нега на популацијата, што всушност е дел од годинашното мото на Светскиот ден на бубрегот“, рече министерот Демири на прес-конференција.

Генералниот директор на Диаверум, Димитар Клисаровски, соопшти дека финансиската реализација на проектот во целост е на здравствените установи Диаверум и Нефроплус, со што прегледите за пациентите ќе бидат бесплатни.

„Идејата за отпочнување за ваков скрининг-проект постоеше отпорано, согледувајќи ја состојбата на пациентите кои започнуваат со дијализа при што во многу случаи пациентите не биле ни свесни дека имаат хронично бубрежно заболување се до моментот на почетокот на дијализа што е последниот стадиум на хроничното бубрежно заболување. Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, ние, Диаверум, и колегите од Нефроплус се вложивме максимално за да може да се изведе овој проект за бесплатен скрининг на популација во ризик од бубрежни заболувања, достапна за пациентите“, изјави Клисаровски.

Демири и Клисаровски очекуваат максимална реализација на проектот, а со тоа и поголемо идно превенирање на хроничното бубрежно заболување (ХББ), партиципирање во навремени иследувања, забавување на прогресијата, соодветна и контролирана терапија, како и потенцијал за значително намалување на морбидитетот и морталитетот од хронична бубрежна болест и неговите поврзани компликации.

Тие апелираа до пацинетите во ризик  да ја искористат оваа можност и да се одѕват на поканата за преглед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ