понеделник, 27 мај 2024

200 деца од градинката „Пролет“ во Бимилк учеа за патот на млекото

Бимилк ги отвори вратите за 200 деца од градинката „Естреја Овадија Мара – Пролет“ од Битола, со цел да се запознаат и научат за патот на млекото  и млечните производи. Патот на млекото од фарма до трпеза го следеа преку едукација каде Битолското чупе зеде главен збор заедно со витамините кои ја направија целата забава, а за процесот на производство задолжен беше нашиот стручен тим од технолози. Најмладите од најголемиот производител на млеко учеа од каде доаѓа млекото, што се добива од млеко, како се добива најквалитетното млеко и уште поквалитетни млечни производи.

Објавено на

часот

Сподели

„Едукацијата уште од мали нозе е суштинска за развојот на децата и никој не е многу мал за да научи за големи работи. Можеби зборовите млечна индустрија, компанија, производство, се премногу големи за нашите денешни посетители, но секако тие знаат што е млеко и јогурт и денеска се запознаа како се добиваат нивните омилени  производи. Нашата обврска како најголем производител, не застанува на создавањето производи со врвен квалитет соодветен за нивниот здрав раст и развој, туку треба да одиме и чекор понатаму и да придонесуваме за целосниот развој на децата. Затоа, кога зборуваме за општествена одговорност на компаниите, треба да ја земеме предвид и нашата улога во едукацијата и развојот на младите, во пренесување на вредни знаење и вредности и на тој начин активно да учествуваме во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е само дел од програмата која Бимилк ја подготвува на оваа тема, во блиска иднина следуваат уште поголеми проекти“, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.

„Децата растат учејќи, она што за нас е учење, за нив е само запознавање на светот и на сето она што е важно за нив. И затоа процесот на учење или запознавање има поголем ефект кога е непосредно претставен, а ваквиот тип посети се од исклучително значење не само за образовниот процес на децата, туку и за создавање вредност и упатување на децата кон аспекти од општеството значајни за нивниот понатамошен развој. По денешната посета во Бимилк, се враќаме со нови знаења. Го научивме патот на млекото на еден забавен начин, заедно со Битолското чупе, која ни прераскажа зошто е добро да се пие млеко. Со возбуда, децата беа на млечно патување, откривајќи ги тајните на производството на млеко и сведочејќи од прва рака на прецизната изработка што е сѐ вклучено во секој производ на Бимилк, кои тие дневно ги консумираат во кругот на семејството“, изјави Мирјана Карангелевска од градинката „Естреја Овадија Мара“.

Денот за најмладите во  Бимилк продолжи со дружба во кругот на компанијата со вработените, Битолското чупе, витамините,  со разни креативни и едукативни игри..

Запознавањето со производниот процес и пренесувањето на знаењето и  вештините изградени врз долгогодишна традиција, е нешто што  Бимилк го практикува како за младите, така и за студенти, верни потрошувачи и за сите заинтересирани граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ