Во соопштението се наведува и дека министерот Оливер Спасовски во оваа прилика истакнал дека стратешката поставеност на Министерството за внатрешни работи ги донесе посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, „за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници“.
Како што може да се види сините полициски комбиња се од марката рено. Детали околу набавката на комбињата не се соопштени во оваа прилика.
Неретко од МВР се ислраќаат соопштенија и фотографии од делокругот на нивната работа, па така и сега дека се набавени нови возила, проследени со изјави од министерот.