петок, 18 октомври 2024

20 компании од денеска ќе тргуваат на македонската берза на електрична енергија

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјавија за МИА од МЕМО, од 22-те компании што склучиле договори, 20 ќе имаат можност да тргуваат со електрична енергија на берзата. Тоа се компаниите:  Сентраде, Дуферцо МК, AOT Македонија, Елнор, ЕСМ продажба, Ген-и, Те-То АД Скопје, Интернерго, РЕС, Макстил, ЕФТ, АД МЕПСО, Енерџи активе, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, Универсал енерџи, ЕДС, ЕТМТ енерџи и АД ЕСМ. 

На берзата ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија, кои се регистрирани во регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија, кој го води МЕМО ДООЕЛ-Скопје како оператор на пазарот.

Операторот за денеска најави настан по повод почеток со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија, пазар ден-однапред, што, како што нагласуваат, е исклучително важно постигнување за државава со кое се воспоставува модерен пазар на електрична енергија и се подобрува инвестициската клима за обновливи извори на енергија.

На промоцијата ќе биде презентирано како со пазарот ден-однапред се обезбедува конкуренција за постигнување оптимални цени на електричната енергија, подобрување на користењето на енергетската мрежа и обезбедување дополнителни можности за инвестиции во областа на обновливи извори на енергија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ