понеделник, 16 септември 2024
МВР поднесе кривична пријава

20-годишно момче се обидело да силува малолетно девојче во Дебар

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против лицето кое беше осомничен за силување малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

„Поднесена е кривична пријава против Е.Ф.(20) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Осомничениот Е.Ф. на  трети месецов во 18.30 часот, беше лишен од слобода од страна на  полициски инспектори од криминалистичката полиција во Дебар.

Девојчето било на 14-годишна возраст.

Ова е прв ваков случај во Дебарско по повеќе години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ