Преку слоганот „Пример за одговорност“, ПроКредит преку лични примери покажува дека општествената одговорноста не е само една голема донација, туку е систематизиран принцип на работа кој се провлекува низ конкретно дефинирани одговорни практики.
ПроКредит банка низ одговорниот принцип на работа остава пример за вистинските вредности кои неретко остануваат заборавени во трката за профит. Фокусирајќи се на одржливиот развој, банката гордо може да се пофали со најголема застапеност на еко портфолио во банкарскиот сектор од 20% и 150 инвестиции во фотоволтаични централи, покажувајќи низ пример дека природата е важна.
ПроКредит банка, уште од своите почетоци е развојно ориентирана банка, па така со својот фокус на поддршка на мали и средни претпријатија, изминатите 20 години успеа да го даде својот значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на извозот и креирање на нови работни места. Посветеноста на бизнисите е евидентна и низ бројка – 90% од кредитното портфолио на банката е насочено токму кон овој сектор.
Но, одговорноста на банката можеби и најдобро се распознава преку подготвеноста да се откажат од дополнителен профит, во име на долгорочен одржлив развој. Па така, преку строго дефинирана листа на бизниси кои и штетат на животната средина или на општеството, ПроКредит транспарентно ги објавува бизнисите кои не ги финансира, како што се градежни активности во национални паркови, ископини на руда, казина и обложувалници, компании кои произведуваат пластика за еднократна употреба и сл. На тој начин, оставаат позитивен пример водејќи се по правилото дека она што го правиме за наше добро, треба да биде еднакво добро и за иднината!
Низ континуирана едукација ПроКредит ги води своите клиенти кон паметни решенија за нивните финансиски одлуки верувајќи во идејата дека помалку, помудро и одговорно може да биде подобро. Промовирајќи ја културата на штедење пред консумеризмот – ПроКредит банка во своето портфолио не поддржува, промовира и нуди ненаменски потрошувачки кредити.
„Горди сме што сме лидери во одговорните практики и одржливоста во банкарскиот сектор, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Преку нашите дела инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата, што е од особена важност за креирање на одржлива иднина. Соочени со предизвиците на денешницата сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да работиме на истото. Нашиот главен фокус продолжува да биде остварување позитивното влијание во општеството, но истовремено наша цел е преку наш пример да поттикнеме дискусија и акција на тема која е важна за сите, не само за банките. Прославувајќи ја нашата 20-годишнина, им изразуваме благодарност на нашите клиенти и соработници за нивната лојалност и поддршка. Продолжуваме заедно да чекориме одговорно и во наредните децении кои се пред нас“, изјавија од ПроКредит банка.
Нудејќи професионална и комплетна банкарска услуга, ПроКредит банка ја потврди довербата кај клиентите, кои ја одбираат ПроКредит како прв избор, пред сè поради квалитетната услуга, но и поради фактот што веќе 20 години се синоним за транспарентност, стабилност, иновативност и инклузивност.
Фокусирани кон потребите на клиентите, ПроКредит продолжува да делува како банка која поставува стандарди за одржливост, одговорност и етичност, позитивен економски раст и развој и со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализација.
Комерцијален текст