сабота, 27 јули 2024

20 години од смртта на Борис Трајковски

Владини делегации денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски во Скопје и на споменикот на местото на авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Ротимље, Босна и Херцеговина.

Објавено на

часот

Сподели

Делегација на Владата на Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со положување свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ја одбележа 20-годишнината од неговата трагична смрт.

Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од спикерот Јован Митрески, делегација на Армијата на Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Претседателот Стево Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претставник на кабинетот на претседателот положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Претставник на кабинетот, како дел од државната делегација, присуствуваше на церемонијата на одбележување на годишнината пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина. Во Ротимље беа и министерките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Каја Шукова.

„Ова место е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината“, потенцираше министерката за култура.

На Ротимље присуствуваа и оддадоа почит претставници на Претседателството и на Советот на министри на Босна и Херцеговина, претставници на Град Мостар и на Воздухопловството на БиХ, а се обрати и заменик-министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ивица Бошњак, кој рече дека  претседателот Трајковски секогаш нудеше решенија и работеше на јакнење на односите и соработката во регионот.

„Токму поради тоа, и 20 години по неговото трагично загинување со огромен респект се присетуваме на големиот пријател и жалиме што загубивме искрен заговорник на еден подобар, попросперитетен и стабилен регион“, истакна Ивица Бошњак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ