сабота, 27 јули 2024

20 години ЦИКП – транспарентен научен пристап и силен интегритет

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска свечено ја отвори конференцијата по повод 20 годишнината од постоењето.

Објавено на

часот

Сподели

„ЦИКП денеска е силна организација со регионален опфат поради неверојатните експерти и професионалци кои работеа и работат во нашиот тим. Но, уште поголема предност за нас беа силните критичари и уште посилните поддржувачи на нашата работа, како што е претседателката г-ѓа Сиљановска-Давкова“, изјави д-р Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП.

Работата на оваа уникатна граѓанска организација која работи со истражувачи од регионот е признаена и од страна на претседателката на Македонија која денеска го даде и воведниот говор.

„Дваесет години самостојно функционирање во светот на граѓанското општество е огромно достигнување. Само организации со научен пристап и интегритет, како ЦИКП, можат да го водат создавањето на јавни политики кои создаваат јавни вредности“, изјави Сиљановска-Давкова.

Големината на достигнувањата на ЦИКП, како и влијанието на донесувачите на одлуки беше возможно само со транспарентен научен пристап и силен интегритет при соработката со сите организации со кои ја споделуваат мисијата на делување, велат од центарот.

Денеска ЦИКП се заблагодари за повеќе од децениската поддршката на амбасадорот Килиан Вал од ОБСЕ, на националниот директор за ГИЗ Давид Оберхубер, на претставникот за Советот на Европа Олег Солдатов, на шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Штефен Худолин и на Ивана Пауновиќ-Бишевац, претставничка на UN Women.

Во наредните два дена Скопје ќе биде центарот во кој ќе се отворат теми значајни за развој на целиот Западен Балкан – од неговата иднина во Европската Унија, преку потребата за нови економски и општествени модели за генерациите кои следат, потребата за праведна и циркуларна економија, сѐ до предизвиците на безбедност, стабилност и климатски промени. Се очекува присуство на повеќе од 100 учесници, вклучувајќи претставници од владите, меѓународните организации, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Организирањето на ваква конференцијата во Скопје од страна на ЦИКП е значаен чекор кон создавање на посилни врски за соработка во регионот и понатамошен развој на граѓанскиот сектор.

Како и на претходните конференции на ЦИКП очекуваме дека преку панел дискусии, презентација на студии на случаи и работилници, најпознатите и најзначајните истражувачи и актери од Европа ќе придонесат кон расветлување на патот кон подобра иднина за Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ