вторник, 22 октомври 2024

2 Август е неработен ден за сите граѓани, соопшти МТСП

Објавено на

часот

Сподели

Денот на Републиката  2 Aвгуст (среда) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на Републиката.

2 Август, Денот на Републиката е државен празник на Република Македонија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година на коe се поставени основите на денешна Република Македонија кога овој ден и е прогласен за државен празник.

2 Август е и голем верски празник во чест на пророкот Св. Илија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ