сабота, 27 јули 2024

2.020 муслимански верници од Македонија годинава ќе ги посетат светите места за Курбан Бајрам

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од земјава ќе заминат над две илјади верници, што е речиси идентична бројка со минатата година, изјави Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница (ИВЗ).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Верниците ќе патуваат од 4 до 10 јуни со авионски чартер летови. Тие се од различни возрасти“, изјави Јакупи за МИА.

Според него, цената за аранжман за Хаџ е 6.550 евра, колку што изнесуваше и минатата година, кога петтиот столб од исламот го реализирале 2.030 верници, што беше повеќе од двојно од претходната година, кога во светите места беа 919 верници.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 16 јуни, а секогаш се слави четири дена.

Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го симболизира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ