сабота, 27 јули 2024

193 возачи низ Македонија казнети за брзо возење

Вчера сообраќајната полиција на улиците и патиштата низ Македонија за брзо возење казни 193 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, како што соопшти денеска МВР,  осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ