На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и казни за друг вид сообраќајни прекршоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, предупредуваат од МВР.