недела, 6 октомври 2024
МВР објави детали

19 годишно момче е повредениот во синоќешната пукотница во Чаир

19 годишниот А.Б. од Скопје, е момчето што синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата Цветан Димов, откако во него било пукано од Б.Б., инфорираше денеска за деталите МВР по синоќешната пукотница во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„На 5 октомври 2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица Цветан Димов во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ Св.Наум Охридски во Скопје за укажување помош. Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ