среда, 5 март 2025
По несреќата на патот Тетово-Гостивар

19-годишниот возач кој учествуваше во сообраќајката во која загина жена е приведен

Приведен е 19-годишен возач, по сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар, во која животот го загуби 81 годишна жена од Охрид. 

Објавено на

часот

Сподели

Младиот возач (А.А) од Градец, управувал мерцедес со словенечки регистерки ознаки, кога на автопатот се судрил со пежо во кое сопатник била жената која починала на местото на настанот. Возачот на пежото и уште еден сопатник – и двајцата од Охрид, биле пренесени во болница со тешки повреди.

Од МВР информираа дека извршен е увид од припадници на гостиварската полиција и јавен обвинител, по чијашто наредба возачот е приведен и против него ќе биде поднесена пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ