сабота, 27 јули 2024

19-годишен тенисер го елиминираше Циципас од Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

19-годишниот тенисер Руне, кој е 40. на АТП листата успеа да го елиминира Стефанос Циципас откако го победи со 3-1 во сетови.
 
Руне го доби првиот сет со 7-5, а вториот му припадна на Циципас со 6-3 за израмнување на 1-1 во сетови. Третиот и четвртиот ги доби младиот Данец со 6-3 и 6-4.
 
Руне стана првиот дански тенисер кој стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос, а таму ќе игра поротив Каспер Руд од Норвешка кој денеска во четири сета го победи Хуркач.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ