понеделник, 15 април 2024

18-годишно момче приведено под сомнение за сторена кражба

Млад кавадарчанец синоќа бил лишен од слобода поради сомнение за кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од ОВР Кавадарци во 18.50 часот го привеле Ф.Ј., на возраст од 18 години. Тој се сомничи дека извршил кражба од дворот на манастирот Свети Никола Моклишки во атар на кавадаречкото село Ваташа, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ