сабота, 27 јули 2024

18-годишниот Леонид по престојот во клиниката Жан Митрев, продолжува со лекувањето во Австрија

По лекувањето во клиниката Жан Митрев, 18-годишниот Леонид Индов го продолжува лекувањето во Австрија. Тој денеска со медицински транспорт со хеликоптер беше префрлен во клиниката во Виена за оперативен зафат.

Објавено на

часот

Сподели

Индов лани летото беше тешко повреден кога во тешка несреќа го повреди р’бетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во клиничката болница Жан Митрев каде по 4-месечниот третман има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.

Леонид е ученик во Математичко-информатичката гимназија и е дел од тимот што изработи апликација за анализирање и проучување на движењето на Меѓународната вселенска станица, со која што го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

Денеска во Виена тој беше испратен од другарите и тимот на клиниката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ