Индов лани летото беше тешко повреден кога во тешка несреќа го повреди р’бетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во клиничката болница Жан Митрев каде по 4-месечниот третман има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.
Леонид е ученик во Математичко-информатичката гимназија и е дел од тимот што изработи апликација за анализирање и проучување на движењето на Меѓународната вселенска станица, со која што го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.
Денеска во Виена тој беше испратен од другарите и тимот на клиниката.