Како што информира ЦУК, од 1.656 повици „реални“ биле 58,76 отсто, а 41,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
„Кон полиција биле упатени 60,65 отсто, кон Итната медицинска помош 27,21 отсто, а кон пожарникарите 9,18 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК“, се вели во соопштението.
Во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територија на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, отпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума. Сите пожари се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.
Скопските пожарникари во текот на изминатото деноноќие гаснеле повеќе пожари на отворен простор.