16 годишниот Ламине Јамал е новото чудо од дете на Барселона и веднаш собори неколку рекорди.
„Каталонците“ знаат дека имаат голем бисер во своите редови, па од поодамна договорија нова соработка, и играчот попладнево официјално стави потпис на својот прв професионален договор.
Ламине Јамал се обврза кон Барселона до јуни 2026 година и доби клаузула од 1 милијара евра.
Одредени медиуми шпекулираат дека тој ќе заработува 3 милиони евра по сезона, што е неверојатна сума за едно 16 годишно момче.
Исто така се говори дека уште сега начелно е договорено Ламине Јамал во 2025 (кога ќе наполни 18 години) да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста кон Барселона до 2030 година.