На промоцијата ќе се обрати академикот Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, како и проф. д-р Катерина Тодороска, која ќе го промовира зборникот.
Зборникот содржи реферати од 35 еминентни професори и научници од земјата, во кои научно е елабориран неспорниот придонес на Гоце Делчев во создавањето на современата македонска држава, кој е трајно вграден во колективната меморија и традициите на македонскиот народ и претставува фундаментот на македонската нација.