четврток, 26 декември 2024

14 загинати во Нови Сад, Тина (9) и Сара (5) починале во болница, „Ова е криминал“

Девојчињата Тина (9) и Сара (5), кои вчера со дедо им биле на Железничката станица во Нови Сад, им подлегнале на повредите во болница, пишува Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нивниот дедо од Нови Сад, со кој чекале воз, загина во уривањето на настрешницата.

„И двете загинаа, ги нема“, рече дедото од Лозница Бранко Матиќ кој вчера нетрпеливо ги чекал да дојдат кај него.

Бранко Матиќ, пензионер од Лозница, вчера за српските медиуми зборуваше за своите стравови и надежи дека малечките ќе закрепнат.

Девојчињата биле пронајдени вчера тешко повредени, но живи. Но, тие им подлегнале на повредите во болница.

Тројца повредени во Клиничкиот центар во Војводина се во критична состојба и лекарите се борат за нивниот живот, а поради тешката несреќа во сабота е прогласен Ден на жалост низ цела Србија, додека во Нови Сад ќе трае три дена.

Зоран Круљ, портпарол на итната помош во Нови Сад, изјави дека на млад човек му била ампутирана ногата. „Тешко повредени се 18-годишно момче и 21 и 23-годишна девојка, нивните животи се во опасност. На 18-годишно момче му е ампутирана ногата“, изјави Круљ.

Од 14 загинати, пет лица сè уште не се идентификувани, од кои осум се државјани на Србија, а еден е од Македонија, соопшти во петокот вечерта српскиот претседател Александар Вучиќ. „Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад. Ова е ужасна трагедија. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите“, изјави српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Независните медиуми и опозицијата го поставија прашањето за одговорноста за несреќата, потсетувајќи дека зградата на железничката станица првпат била реновирана во 2021 година, а по неколку месеци повторно почнало реновирањето на истата зграда на станицата, која била отворена на 5 јули годинава.

Се наведува дека реконструкцијата ја извршила кинеска компанија, дека цената на целиот проект останала тајна, а самиот објект неколку пати бил свечено отворен. Миран Погачар, градски советник на граѓанската коалиција „Браво“, рече дека тоа е „криминал врз граѓаните на Нови Сад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ