сабота, 25 мај 2024

14 набљудувачи на Советот на Европа за претседателските избори во Македонија

Делегација од 14 набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Алфред Хер (Швајцарија, АЛДЕ), ќе ги следи претседателските избори во Македонија на 24 април.

Објавено на

часот

Сподели

Делегацијата ќе ги следи изборите заедно со набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), соопшти ПССЕ.

Набљудувачите на ПССЕ ќе се сретнат со кандидатите кои се натпреваруваат на изборите, со претседателот и членовите на Државната изборна комисија, како и со претставници на граѓанското општество и медиумите.

Заедно со делегацијата, во Скопје доаѓа и експерт на Венецијанската комисија, кој ќе дава правна поддршка за време на посетата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ