сабота, 27 јули 2024

14-годишно момче од Србија случајно со пушка си го уби 12-годишниот брат, бабата во притвор

Објавено на

часот

Сподели

Српските медиуми објавија дека тој пукал во главата на својот помал брат. Весна Л. е осомничена дека неовластено поседувала ловечка пушка и муниција, непрописно обезбедени.

Таа е осомничена за тешко кривично дело неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи во врска со кривичното дело тежок напад на јавната безбедност.

Обвинителството по завршувањето на рочиштето му предложило на судијата за претходна постапка на осомничената да ѝ одреди притвор поради потенцијално вознемирување на јавноста.

Се сомнева дека Весна Л. без дозвола од надлежните органи во својата спална соба во семејната куќа чувала ловечка пушка „бокерица“ и муниција калибар 16 мм. Исто така, постои сомневање дека таа не ги почитувала прописите за безбедно чување оружје и муниција за да спречи неовластен пристап.

Момчето го убило својот брат на 6 јули околу 13 часот и 15 минути во дневната соба од семејниот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ