сабота, 27 јули 2024

14 деца убиени во основно училиште во Тексас, напаѓачот застрелан (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот убил 14 ученици и еден наставник во основното училиште Роб во Увалде, гратче во југозападниот дел на Тексас.

Гувернерот рече дека осомничениот во нападот е 18-годишниот Салвадор Рамос, кој и самиот учел во училиштето. Во нападот бил вооружен со пиштол и најверојатно со пушка. Објавена е и фотографија од него.

„Напаѓачот се викал Салвадор Рома и живеел во Увалдо. Се претпоставува дека излегол од возило и влегол во училиштето со пиштол и пушка, но сѐ уште не е потврдено какво оружје носел. Убил 14 ученици и наставник. Напаѓачот е мртов, убиен е од полицијата“, изјави гувернерот.

Од јавноста е побарано да се држи настрана додека полицијата го истражува местото на злосторството.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=-hERRqjZTKo autoplay:0]

Гувернерот Абот рече дека осомничениот е мртов и се верува дека е убиен од полицајците.

„Се верува дека двајца полицајци што реагирале биле погодени од куршуми, но немаат сериозни повреди.“

[video:https://www.youtube.com/watch?v=8Ey90ENfZYA autoplay:0]

Учениците се евакуирани од училиштето. Локалните болници открија дека службите за брза помош лекуваат ученици од училиштето.

Шеесет и шестгодишна жена е на лекување во болница во Сан Антонио и е во критична состојба, соопштија претходно болничките власти.

Болницата Увалде објави на Фејсбук дека 13 деца биле пренесени во болница „со амбулантни возила или автобуси“.

Две лица биле мртви кога пристигнале во болница, се вели во објавата на Фејсбук.

ФБИ помага во истрагата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ODn3_C5ezsU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ