сабота, 27 јули 2024

132 казни за брзо возење, 63 за недавање првенство на минување

Објавено на

часот

Сподели

За недавање првенство на минување напишани се 16 казни на територијата на СВР Битола, а 12 на територијата на СВР Тетово. За време на контролата санкционирани се и 140 други видови на прекршоци.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за непочитување на првенство на минување, изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, како и други сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ