Од 121 казнет возач, за возење повеќе од дозволената брзина биле изречени 35 санкции, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.