Возачот на автобусот загубил контрола над возилото, кое преминало на спротивната лента и излетало во ендек во градот Јозгат, изјави гувернерот Мехмет Али Озкан.
Автобусот сообраќал од Сивас за Истанбул. Сивас е на околу 240 километри од Јозгат.
Озкан додаде дека 11 лица загинале на самото место, додека едно лице починало во болница.
Повредените се хоспитализирани, а едно лице е во тешка состојба.
Озкан рече дека сѐ уште се истражува причината за инцидентот, но дека најверојатно се работи за невнимание на возачот.