недела, 12 јануари 2025

12 и 18 матуранти во гимназиите во Ростуше и во Центар Жупа

Објавено на

часот

Сподели

Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.

„Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура“, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.

Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.

„Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наставата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура“, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.

Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ