сабота, 27 јули 2024

12 дена штрајк на железничарите, за денеска е ветена платат за февруари

Објавено на

часот

Сподели

Тони Димовски, претседател на Синдикат на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека вчера имале средба со раководството на железничкото претпријатие и оти им било речено дека ќе има исплата до 15 часот. 

Од почетокот на бојкотот на 31-ви минатиот месец во 12 часот досега, потсетува, не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. 

„До вчера требаше да се исплатат и патните трошоци за март, но тоа не се случи“, изјави Димовски, појаснувајќи дека бојкотот е организиран самоиницијативно и оти машинскиот и помошниот персонал е на работа  но не ги извршуваме работните задачи. 

Во барањата на машиновозачите е и зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари испратиле барање до министерствата за транспрот и врски, и за финансии и до Владата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ