„Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност еден вид на “чистка”, затоа што, доколку има избори, сите закони кои не се донесени пропаѓаат, без разлика во која фаза се. Затоа што секој нов парламентарен состав почнува од седница број 1“, рече Крмов.
Од Левица велат дека имаат сознанија дека на собраниските служби им е дадена задача сите заостанати закони да ги „исчистат“.
„Има генерална директива од претседателот на Собранието Талат Џафери да се чистат сите седници – што е најјасен индикатор дека после обидот да го променат Уставот, ние ќе одиме на избори во есен”, велат од Левица.