сабота, 27 јули 2024

103 студенти од УКИМ се побогати со знаење за историјата и значењето на холокаустот

На Правниот факултет Јустинијан Први се одржа свечено доделување на дипломите за завршените универзитетски курсеви за изучување на холокаустот за учебната 2023/24 година. Пријавувањето за следниот циклус на програмата ќе започне во септември 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

На свеченото доделување се обратија деканот на Факултетот, проф. д-р Сашо Георгиевски, амбасадорката на СР Германија Петра Дрекслер и раководителот на универзитетската програма проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Деканот Георгиевски го изрази неговото задоволство од реализацијата на програмата како и големиот интерес на студентите. Во таа насока, тој нагласи дека 103 студенти од целиот универзитет ги следеа новите шест курсеви за изучување на холокаустот што претставува исклучителен резултат.

Германската амбасадорка Дрекслер ја нагласи важноста на соочувањето со историјата и Холокаустот и им се заблагодари на студентите и одговорните на Универзитетот за нивниот ангажман.

Раководителот на универзитетската програма за изучување на холокаустот, проф. д-р Мишо Докмановиќ потенцираше дека Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е еден од двата европски универзитети кои го добија престижниот грант на Конференција на еврејските материјални побарувања од Германија – Њујорк, што овозможува реализација на програмата на курсеви во следните три академски години.

Пријавувањето за следниот циклус на програмата ќе започне во септември 2024 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ