Жената била запрена среде ноќ, поради пребрзо возење во градот Бондено во северна Италија. Им кажала на полицајците дека се упатила кај пријатели надвор од градот. Таа потврдила и дека пред две години ѝ истекла возачката дозвола и дека не ја обновила.
Поради сторените прекршоци, возилото е одземено, а повозрасната жена е однесена со полициско возило до својот дом.