понеделник, 21 октомври 2024

10 хектари сува трева и смрека изгореа во пожар кај Велес

Објавено на

часот

Сподели

Таа појасни дека пожарот избувнал на локација над гробиштата над селото, но немало опасност по куќите. Во неговото гаснење биле вклучени 15 пожарникари и три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес.

ОД ЦУК Велес информираат дека моментално нема активен пожар на територијата на велешкиот регион.

За пожарот биле известени од СВР Велес кои направиле увид, а биле известени и Дирекцијата за заштита и спасување.

„Денеска имаше уште еден пожар месноста „Бојаџиева чешма“ кај „Штипско петле“, кој избувнал во 10:50 часот. Со пожарот беше зафатена сува трева, но поради силниот ветар истиот брзо се проширил па претставувал опасност по околните куќи. Сепак со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат околу 13 часот. Во еден момент пожарот бил сериозна закана да се запали една куќа, која ја спасиле со брза интервенција од ТППЕ со 10 пожарникари со три противпожарни возила и два камиона“, информираа од ЦУК Велес .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ