Многу возбуда и дури 10 гола на двата натпревари од 18:45 часот во Лигата на шампиони.
Атлетико Мадрид и Шахтар славеа со идентични 3-2 против Феенорд, односно Антверп. Интересно, на двата меча до победа се стигна по пресврт.
Избраниците на Симеоне два пати беа во негатива, Феенорд водеше со 0-1 и 1-2 со автоголот на Ермосо, односно погодокот на Ханцко, но Атлетико Мадрид преку Мората и атрактивниот гол на Гризман се погрижи на полувреме да биде 2-2.
На стартот од вториот дел, Мората по втор пат се запиша во листата на стрелци за целосен кам-бек и триумф од 3-2.
Во Белгија, Антверп со 2-0 замина на полувреме, Муја и Баликвиша донесоа сигурна предност по првите 45 минути.
Сепак, гостите на стартот од второто полувреме преку Сикан намалија на 2-1, за потоа Ракицки да изедначи на 2-2. Во 76. минута беше направен целосен пресврт, Сикан со својот втор гол донесе 2-3.