сабота, 18 мај 2024
Претседателски и парламентарни избори 2024

1.800 набљудувачи за двојните избори

За вториот круг од претседателските и за парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај акредитирани се речиси две илјади набљудувачи, преведувачи и странски новинари.

Објавено на

часот

Сподели

Изборите ќе ги следат 770 странски набљудувачи, кои ќе бидат следени од 85 преведувачи. Акредитирани се и повеќе од една илјада домашни набљудувачи. Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР има 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи.

Парламентарното собрание на ОБСЕ има 138 набљудувачи, амбасадата на САД 68 набљудувачи, а парламентарното собрание на Советот на Европа 33 набљудувачи. За известување од изборите акредитирани се 66 странски новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ